9-ти роденден на Клубот на млади на ОО Црвен крст Гази Баба

Пораснавме! На 27 октомври во просториите на ЦКРМ – ОО Гази Баба прославивме девет години функционирање во простор за слободно изразување, подржување на младински активизам и ширење на идејата за Црвениот крст, девет години КЛУБ НА МЛАДИ НА ЦКРМ – ОО ГАЗИ БАБА. Од формирањето во 2008 година, волонтираме за посреќно, поздраво и поинформирано општество во кое младите ќе можат да бидат активни, да ги реализираат своите идеи и иницијативи и да дадат придонес во развојот на своите заедници. И веруваме, дејствуваме, успеваме – ЗАЕДНО!