Честит 8.март

Црвен крст на Република Македонија- општинска организација Гази Баба им го честита меѓународниот празникот на сите припаднички на женскиот пол.

Волонтерите од Клубот на млади на ООЦК Гази Баба го одбележаа овој ден кој ја означува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност во општеството со делење на колачиња со пораки за подигнување на свеста кај граѓаните за насилството брз жената.

Статистиките покажуваат дека:
• Во Македонија најголем дел од жртвите на физичко насилство - дури 78% - се жени.
• 35% од жените на глобално ниво, доживеале некоја форма на физичко и сексуално насилство во текот на животот
• Секоја втора жена во Македонија е жртва на психичко насилство, секоја четврта жена е жртва на физичко насилство, а секоја седма жена е жртва на сексуално насилство.

Нека секој ден во годината биде празник за секоја жена. Стоп за насилството врз жената.
Пријави насилство на СОС линија: 02/ 15 – 315
-Кризен центар „ Надеж “