Доделени признанија за повеќекратни крводарители од општина Гази Баба

По повод 17. март- Денот на крводарителството и Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија, во просториите на општина Гази Баба, беа доделени признанија на крводарители кои повеќе од 25, 50, 75 и 100 пати дарувале крв, на најдобра работна организација, најдобра образовна институција од средно и високо образование и најдобар организатор (мотиватор) за крводарителски акции за 2017 година.
Покрај Градоначалникот Георгиевски, признанија додели и преседателот на ОО на Црвениот крст на Гази Баба, Проф. д-р Петар Христов.

Признанија за дарувани 25 и повеќе пати крв добија крводарителите:

1.Златко Шишковски – ЈСП
2.Јовица Стоилевски- ЈСП
3.Снежана Несторовска-ЈСП
4.Ален Дреца-Фак.за ветеринарна медицина
5.Слободан Ѓурчевски- АД. Факом
6.Живко Блажевски-С.Д Стив Наумов


Признанија за 50 пати дарувана крв добија крводарителите:

1. Љупчо Тасевски –АД- Факом
2.Проф.Др.Тони Довенски – Фак. за вет.медицина
3.Ванчо Гонев – Приватна агенција за обезбедување

Признанија за 75 пати дарувана крв добија крводарителите:

1.Ѓоко Манаковски – ЈСП
2.Мире Петрушевски – ЈСП
3.Гоце Божиновски-АД.Пивара

Признанието за дарувана крв 100 и повеќе пати го доби:

-Илија Трајковски – ЈСП

Најдобра работна организација на подрачјето на о.Гази Баба, за 2017 година е ЈСП-Скопје .

Најдобро средно училиште на подрачјето на о.Гази Баба, за 2017 година е АСУЦ Боро Петрушевски.

Најдоба образовна институција од Високото образование на подрачјето на о.Гази Баба, за 2017 година е Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

Најдобар мотиватор за крводарителство на подрачјето на о.Гази Баба, за 2017 година е Зоранчо Ѓорѓиевски – студентски дом – Стив Наумов –Скопје.

Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Гази Баба, искажува благодарност на градоначалникот Борис Георгиевски и Советот на општина Гази Баба за огромната подршка и континуитетот на активностите на Црвениот крст во 2017 и 2018 година.