Документи

ВИЗИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РМ
„Нашето работење втемелено врз универзалните принципи, има моќ да го унапреди светот во кој живееме преку промовирање на мир и толеранција, ефикасна превенција, навремен одговор и соодветна поддршка за ранливото население.“


МИСИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РМ
„Да го спречи и ублажи човековото страдање каде да е, да го заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човековото битие, особено во време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болестите и унапредување на здравствената и социјалната добросостојба на луѓето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош како и универзално чувство за солидарност и хуманост.“