Хуманитарен натпревар во кошарка

На 18.11.2017 (сабота) во Спортска сала Методија Андонов Ченто, нас.Маџари се одржа хуманитарен турнир во кошарка, на кој учествуваа 12 екипи од средните и основни училишта на територија на општина Гази Баба.
Средствата собрани од хуманитарниот настан ќе се донираат за 16-годишниот Борче Јовановски кој боледува од Бета Таласемија (ретка генетска болест). Неговата состојба се влошува и итно мора да оди на операција (трансплантација на коскена срцевина) во странство.
Вашата донација може да ја остварите и преку: Жиро сметка: 300001000024834 Или со телефонски повик (100 денари) на: T-Mobile: 070/143-103 VIP & ONE: 143-473 (без префикс)
Бидете хумани и донирајте! Да му дадеме шанса на Борче за нов живот!
Благодарност до сите хумани луѓе кои со своите донации придонесоа до успешна реализација на овој натпревар.