Историјат на ООЦК Гази Баба

Идејата и мисијата за создавање на организација чија задача би била заштита и помош на ранетите на бојното поле започнува во далечната 1859 година во една од најкрвавите битки на векот кај месото Солферино,денешна Италија, од швајцарскиот трговец Анри Динан како сведок на битката.
И по 150 години неговата идеја и мисија симплифицирани во основните принципи на Меѓународниот комитет на Црвениот крст – ХУМАНОСТ, НЕПРИСТРАСНОСТ, НЕУТРАЛНОСТ, НЕЗАВИСНОСТ, ДОБРОВОЛНОСТ, ЕДИНСТВО   И УНИВЕРЗАЛНОСТ, опстојуваат и претставуваат основен двигател на секое Национално друштво, па така и ан Црвениот крст на Република Македонија како рамноправен член во Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Почитувајќи ги овие основни принципи, секое национално друштво па и Црвениот крст на Македонија, преку своите основни градбени клетки, општинските организации на Црвениот крст, настојува да биде секогаш покрај ранливите категории на население во својата земја, да биде свесно за нивните потреби и секогаш подготвено да излезе во пресрет нанивните барања.
Формирањето и развојот на општинските организации на Црвениот крст на град Скопје во минатото беше тесно поврзан со развојот на градот, неговата територијална поделба и формирање на општините.

Во 1977 година со одлука на Главниот одбор на Црвениот крст на град Скопје, според новата територијална поделба на градот беа формирани пет општински организации на Црвениот крст: Гази Баба, Центар, Кисела Вода, Чаир и Карпош кои самостојно работат и делуваат во изминативе 35 години.
Првата Конститутивна седница на Собранието на Црвениот крст на општина Гази Баба е одржано на 4 февруари 1977 година на која беа избрани органи и тела на Општинската организација, Општински и надзорен одбор, Комисии, секции како и Делегати за градската и републичката организација.
За прв претседател беше избран г. Џафер Омерагич, Потпретседател Г. Слободан Деспотовски и за Секретар Г. Перо Аврамовски.
Тогаш Собранието го сочиниваа избрани делегати од Друштвата на ЦРвениот крст во основните и средните училишта, факултетите, месните заедници и работните организации од подрачјето на општина Гази Баба вклучувајќи ги и сегашните територии на општините Арачиново, Петровец и Илинден.
Денес во организацијата членуваат 389 членови, а оваа бројка постојано се зголемува како резултат на континуираниот развој на Општинската организација. Бројот на волонтери изнесува 615 од кои активни се 174.

Накратко и за работата и делувањето на Црвениот крст на Гази Баба.
Работата на организацијата е транспарентна и е насочена и се темели во повеќе области: Социјално – хуманитарна, Здравствено – превентивна, Прва помош и Крводарителство.
Развојот на овие сегменти од работата се базира на реализација на традиционалните активности и проекти како на пример: од областа на Социјално – хуманитарната дејност проектот „Младоста и искуството – моќта на хуманоста“ кој се однесува на помош на старите и инвалидизирани лица, нивна психолошка подршка и обезбедување на донации.
За подигање на здравствената култура на граѓаните од областа на Здравствено – превентивната дејност се организираат едукации на различни теми како: Превенција од ХИВ/СИДА и СПИ, туберколоза, карцином, шеќерна болест и друго.
Исто така веќе четврта година по ред, се реализираат и проекти во градинките како проектот„Здрави деца за посветла иднина“ со цел развој на здравствената култура кај најмладите.
Со Првата помош како основен столб на Црвениот крст преку проектот „ Прва помош за деца од градинки“ овозможено е запознавање уште во предучилишната возраст, а за учениците од основните и средните училишта на територија на Општина Гази Баба, традиционално, се реализира „Општинскиот натпревар по Прва помош.“
На полето на крводарителството,Општинската организација на Црвен крст Гази Баба, има улога за промоција и унапредување на крводарителството како и зголемување на бројот на нови крводарители. Мотивацијата кај младите се постигнува преку проектот „Мотивирање на млади крводарители и афирмација на крводарителството“, реализирање на едукации и редовни крводарителски акции.
За подобрување на социјалната состојба на ранливите групи делуваме постојано и во координација со ЈЗУ „Здравствен дом“ – Ченто, Детско село – СОС, Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје, организацијата на жени на општина Гази Баба, Здружението на пензионери и трудови инвалиди, како и Подрачната единица Гази Баба, основните и средните училишта, факултетите и дел од корпоративниот сектор.
Младите со своето ангажирање и придонес во активностите се активни чинители во програмите за помош на ранливите групи на население, во здравствено-превентивните активности, како и промотори за работата на ООЦК Гази Баба – Скопје.
Тие се водечката сила во реализација на дел од овие програмски задачи, но и креатори за сопствени активности за помош и поддршка на повеќе целни групи.
Младите при Општинската организација функционираат во Форма на Клуб на млади во кој членуваат и волонтираат повеќе од 80 млади луѓе од основните и средните училишта како и од факултетите.
Општинската организација на Црвен крст „Гази Баба“ – Скопје, во координација со Црвениот крст на град Скопје и Националното друштво, во секое време и благовремено е на местата за помош на ранливите групи како последица на пожари и други елементарни непогоди. При дејствување за време на овие активности од големо значење е и поддршката што ја имаме од локалните самоуправи.
Со одлука на Собранието на Црвениот крст на град Скопје кој делуваше во рамките на Југословенскиот Црвен крст се до 1955 година, а потоа со територијалната трансформација на градот Скопје беа формирани пет општински организации: Идадија, Саат кула, Кале, Кисела Вода и Петровец кои функционираа се до 1963 година.
Во периодот од1963-1968 година бројот на општини на град Скопје беше намален на три (Кале, Идадија и Кисела Вода), а со тоа и бројот на општински организации на Црвен крст. Во периодот од 1968 – 1977год. делуваше само градската организација на Црвениот крст.
Младите како двигател во работњето, се сегмент во кој континуирано се вложува со цел попродуктивно реализирање на планираните активности. Исто така во Клубот намлади волонтираат и дипломирани млади од различни професии кои допринесуваат со својата креативност и работа.