Клуб на млади - Историјат

Клубот на млади на ООЦК „Гази Баба“ ги промовира основните принципи на Движењето на Црвен крст, Женевските конвенции и дополнителните Протоколи, меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности.
Клубот на млади на Општинската организација на Црвен крст „Гази Баба“-Скопје дејствува и работи како организација на младите на територија на општините: Гази Баба, Арачиново, Илинден и Петровец и е составен дел од Општинската организација на Црвен крст „Гази Баба“-Скопје. Тој претставува продолжение на Младите на ООЦК „Гази Баба“-Скопје, формирани во 1977 година.

Клубот на млади своите активности ги остварува согласно со Статутот на Црвен крст на Република Македонија и Правилникот на млади на Црвениот крст на РМ.

Клубот на млади на ООЦК „Гази Баба“ е формиран во оваа форма на делување во 2008 година и делува под официјалното знаме на Црвениот крст и логото за млади донесено на Национало ниво.