Клуб на млади - Програма

Програма за работа 2014 година, ООЦК  „Гази Баба„ – Скопје

Крводарителство

Крводарителството е носечки столб на Црвениот крст и алатка за будење на свеста кај граѓаните за значењето на крвта како ресурс кој спасува човечки живот. 
ООЦК  „Гази Баба“- Скопје,  според годишниот план за реализација на крводарителски акции, во просек реализира од 75-78 крводарителски акции со собрани од 2800-3000 единици крв.
Во годишниот план за крводарителство, покрај редовните влегуваат и вонредните крводарителски акции со цел зголемување на бројот на млади крводарители и афирмација на крводарителството.
За 2014 година ООЦК Гази Баба, во областа на крводарителствто, со цел негово унапредување има за цел покрај крводарителските акции да  работи и на полето на реализација на едукации во средните училишта, факултетите и месните заедници како и да ја продолжи соработката со Локална самоуправа Гази Баба и институциите кои се дел од крводарителските акции. Развојот на крводарителството за 2014 година, опфаќа и формирање на Клуб на млади крводарители на ООЦК Гази Баба со кој би се зголемил бројот на нови крводарители за 5%, како и реализирање на 20 едукативни работилници каде ќе се опфатат околу 600 граѓани на територија на ООЦК Гази Баба (Општините Гази Баба, Петровец, Илинден,Арачиново).

Прва помош

Првата помош е активност преку која ООЦК активно се промовира во општествените заедници. Бројните одржани вежби и едукации во градинките, основните,средните училишта, корпоративниот сектор и локации од јавен карактер помогнаа за препознавање на ОО Црвен крст Гази Баба.
Општинските натпревари по ПП се алатка за мобилизација на нови волонтери, каде секоја година преку реализирани едукации се вклучуваат од 15-25 нови волонтери од основните и средни училишта во Клубот на млади на ООЦК Гази Баба кои работат на развојот на Првата помош во заедницата.
За 2014 година во областа на Првата помош, ООЦК Гази Баба, има за цел да ја продолжи реализацијата на традиционалните активости по ПП и да ја продолжи соработката со локална самоуправа Гази Баба, да го зголеми бројот на реализирани едукации за најмалку 25 едукации кои се реализираат во ООЦК Гази Баба.

Здравствено - превентивна дејност

Активностите во рамките на Здравствено-превентивната дејност, како дел од работата на ООЦК Гази Баба, завзема значаен дел во остварувањето на целта за подигање на свеста кај луѓето за превентивното делување со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на луѓето околу нас.
Во овој домен ООЦК Гази Баба и во 2014год. превзема активности како реализација на едукативни работилници за превенција од ХИВ/СИДА и СПИ, туберколоза и градни заболувања, шеќерна болест, рак, алкохол, психотропни супстанци и слично, теренски активности (мерење шеќер во крвта, крвен притисок).
Исто така и во 2014 год. продолжува подршката и соработката со локалната самоуправа Гази Баба и институциите кои се инволвирани во реализација на активностите од здравствено – превентивната дејност со зголемување на планиранитеактивностите за 10%.

Социјално-хуманитарна дејност

Социјално-хуманитарната дејност е онаа која опфаќа најширок размер на активности кои се реализираат на годишно ниво во ООЦК Гази Баба. Обезбедувањето на донации на половен мебел, храна, облека, помош во поправка на апарати за домаќинство и помош при регулирање на документација за лица кои се физички и психички неспособни се само дел од активностите кои се реализираат за социјално загрозените семејства.
Оваа област има потреба од теренска работа, што го зголемува процентот на препознавање на работата на ООЦК и зголемување на свеста кај граѓаните за помош на ранливите групи население.
Во 2014 година ООЦК Гази Баба  има за цел да ги продолжи успешните достигнувања на ова поле со тоа што ќе се реализираат собирни акции на Скопски саем, средните училишта и локалните маркети,собирни акции во основните училишта по повод „Недела на солидарноста“, како и обезбедување на донации во прехрамбени и хигиенски пакети во количина од 250 пакети. Посета и евидентирање на нови 45 социјално загрозени лица преку проектот „Младоста и искуството – моќта на хуманоста “како и изработка на други проекти за добробит на заедницата од страна на Клубот на млади на ООЦК Гази Баба.
Во областа на социјално-хуманитарната дејност за 2014 година ООЦК Гази Баба има за цел да ја продолжи соработката со Локална самоуправа Гази Баба.

Дисеминација

Дисеминацијата како една од основните дејности на Црвениот крст овозможува запознавање на луѓето со работата, принципите, функционирањето и движењето на Црвениот крст.
ООЦК Гази Баба традиционално организира  дисеминациони предавања во текот на целата година во основните, средните училишта и во Клубот на млади за новите волонтери кои за прв пат се вклучуваат во работата на Црвениот крст.
Во 2014 година се планираат 30 работилници со вклучување на околу 1000 ученици преку традиционалните едукации и примена на ЦКА-ПХВ циклусот во основните и средните училишта од територија на општина Гази Баба, за запознавање со Црвениот крст и мотивирање на учениците за изработка на мали проекти за општествено добро.
За 2014 година, покрај одбележување на традиционалните датуми во областа на дисеминацијата,се планирани да се реализираат и дисеминациони работилници за  старите лица со цел нивна инклузија во Црвениот крст.

Проекти кои ќе ги реализира  ООЦК Гази Баба со поддршка од локална самоуправа „Гази Баба“ – Скопје  и кои ќе бидат поддржани од останатите локални самоуправи на кои делува ООЦК Гази Баба, корпоративниот сектор, фондации и други донатори

  • Општински натпревар по Прва помош
  • Прва помош за деца од градинки
  • Младоста и искуството моќта на хуманоста
  • Мобилизирање на млади крводарители и афирмација на крводарителството
  • Здрави деца за посветла иднина
  • Превенција од топлотен бран
  • Едукација за ХИВ/СИДА , сексуално преносливи ифнекции и контрацептивни средства
  • Мисли и зборувај – толеранција создавај
  • Подигање на јавната свест за заштита и самозаштита

 

Проекти кои ООЦК Гази Баба ќе ги реализира во 2014 г. во соработка со Арчелор Митал – Скопје

  • Младите во борба против трговијата со луѓе
  • Направи чекор