„Living Spaces - Живи простори“

Дали се чувствуваш дека твојот глас не е слушнат? Или можеби се чувствуваш пасивно? Дали во местото каде што живееш има неискористени простори кои чекаат трансформација? Имаш идеја, но си немал/а можност да ја искажеш?

Сега е твојата шанса!

Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје ве поканува на воведната работилница за проектот „Living Spaces - Живи простори“, која ќе се одржи на 18.01.2020 од 12:00 часот во просториите на Црвениот крст.

Предвидено е работилницата да трае 3 часа со вклучена кафе-пауза.

Крајна цел на проектот е трансформација и редизајн на јавен простор. За таа цел ќе бидат одржани информативни и практични работилници за трансформација на јавни простори, како и за методи за активно младинско учество.
Работилницата е бесплатна и за истата може да се пријават млади од 15 до 25 години кои се заинтересирани за темата.

Сите учесници на проектот ќе добијат:
• Можност да ги искажат своите идеи, интереси и грижи
• Обука и искуство за трансформирање и редизајн на јавни простори
• Обука за програмата Еразмус+ и преставување на можности за мобилност и обука
• Предност при одење на меѓународни проекти преку ЦЕТ платформа
• Сертификат за учество

Еден од учесниците ќе добие и можност за меѓународна обука во Мадрид, Шпанија во март 2020.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме да го пополните апликациониот формулар, најдоцна до 17-ти јануари 2020:
https://forms.gle/sK2f3qD6tByxB7dg8

Го очекуваме Вашето присуство!

* Проектот „Living Spaces“ е заеднички меѓународен проект на ЦЕТ платформа заедно со организациите Associació PROSEC и Basurama од Шпанија и Walk Together од Бугарија кој е финаниски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија.