Црвениот крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Гази Баба - Скопје според традиционалниот календар на активности ја одбележа Неделата на борба против трговија со луѓе.
Волонтерите од Клубот на млади имаа можност да го проследат филмот "Сестри", кој што е базиран за подигнување на јавната свет за трговијата со луѓе.
Следеше дискусија по изгледаниот филм и се разговараше како се може и на кој начин да се стане жртва во тој ланец и како тоа да се избегнува и спречува.