Недела на забоздравствена заштита 2019

Црвениот крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Гази Баба - Скопје ја одбележа неделата на забоздравствена заштита (15-21.12.2019)

Во рамки на истата се одржаа пет работилници за ученици од прво одделение од четири училишта и тоа ОУ "Ристо Крле", ОУ "Браќа Миладиновци", ОУ "Кочо Рацин" и ОУ "Гоце Делчев".

 

Целта на работилниците беше промоција на здрава исхрана, правилно оддржување на орална хигиена и здрави навики. На работилниците воедно се разработија и темите како што се редовна посета на стоматолог, правилно и редовно четкање на заби преку практични вежби.

Преку ваквите интерактивни и забавни работилници беа опфатени и едуцирани над 100 дечиња.