Ноември - месец на борба против зависности

Црвениот крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Гази Баба - Скопје во рамки на одбележување на месецот на борба против зависности спроведе едукативни предавања со цел превенција од наведената проблематика.

Имено, тоа низ бројки би значело 11 едукативни предавања, вклучени институции кои работат со млади и едуцирани над 200 млади лица.

Едукативните предавања ја обработуваа проблематиката поврзана со зависности од:

  • никотин,

  • дрога и

  • алкохол.

Но во дискусија со младите се воочи и потребата за делување и врз "зависностите на современото време" односно зависност од социјални медиуми, мобилни телефони, видео игри и слично.