Организација и развој

Основната заложба на националното друштво е да обезбедува квалитетни хуманитарни услуги за ранливото население во земјата преку мобилизирање и организирање на човечки и материјални ресурси. Постигнатите резултати и напредокот на националното друштво во сите сфери на својата работа, претставуваат добар предуслов за континуитет во спроведувањето на реформски активности и за трансформирање на организацијата во силно национално друштво кое добро функционира. Развојните определби на националното друштво се примарно насочени кон подобрување на имиџот на националното друштво во земјата и во рамките на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и кон подобрување на квалитетот на услугите за различни категории на корисници на услуги и надградба на капацитетите на интегралните делови на националното друштво.

Една од клучните активности во 2011 година ќе биде продолжување на започнатиот процес за интензивна надградба на капацитети кој три години се спроведува со поддршка од Фондот за Интензивна надградба на капацитети на Меѓународната Федерација. Активностите за одржливост и континутет во надградбата на капацитети на националното друштво по завршувањето на ИНК проектот во јуни 2011 година всушност се започнати уште во 2010 година преку преземање на најразновидни активности за надградба на капацитети на 13 Општински организации на Црвен крст согласно со резултатите од Проценката и анализата на работата на општинските организации на Црвен крст спроведена кон крајот на 2009 година. Во текот на 2011 година со овој процес ке бидат опфатени и други општински организаци на Црвен крст а во процесот ќе се користат и искуствата и капацитетите на општинските организации кои бележат континуиран развој во своето работење.

Реформирањето и осовременувањето на националното друштво претставува долготрацен процес од кој произлегуваат нови предизвици со кои треба да се зафати националното друство во претстојниот период. Активностите ќе се имплементираат согласно со приоритетите и целите кои произлегуваат од новиот стратешки план на националното друштво за перидот 2011-2020 година.