Покана за крводарителска акција по повод Денот на општина Гази Баба

Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Гази Баба-Скопје во соработка со локалната самоуправа Гази Баба, на ден 1.11 2019 год. традиционално по повод Денот на општина Гази Баба, реализаира крводарителска акција во просториите на Месната заедница Автокоманда во период од 12 до 17 часот.

На крводарителската акција добредојдени се сите хумани граѓани да донираат крв и со тоа спасат нечиј живот!

Дополнителни информации:
- Возрасната граница на дарители е од 18 години.
- Секој дарител со себе треба да носи документ за лична идентификација.
- Се препорачува дарителот да не е гладен пред дарувањето.
- Здравствената состојба се утврдува непосредно пред дарувањето од страна на медицинско лице.

 

Повеќе информации на следниот линк - https://www.facebook.com/events/430079307886739/?active_tab=about