Повторно стапуваме во акција! ЦКА-ПХВ 2018г.

По завршувањето на трите дисеминациони сесии од програмата Црвен крст во акција- Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), младинците се подготвени и мотивирани за одлични успеси.

Првата сесија се одржа на 31.01 каде учениците од ОУ "Дане Крапчев", ОУ "Наум Нуамовски Борче", ОУ "Вера Јоциќ", ОУ "Наум Охридски" и ОУ "Кирил и Методиј" се запознаа со работата на Црвениот крст, Женевските конвенции, амблемот на Црвениот крст и се информираа за активностите на Клубот на млади на ООЦК Гази Баба.

Втората сесија која имаше за цел да ги информира младите како да го детектираат проблемот, да го анализираат и да реализираат соодветни активности за успешно надминување на истиот се оддржа на 16.02.2018. Оваа обука на тема "Препознавање на потребите на заедницата" ја реализираа ЦКА-ПХВ инструктории од Црвениот крст на Република Македонија и на истата присуствуваа истите ученици кои присуствуваа и на првата сесија.

Успешно спроведена и трета дисеминациона работилница од ЦКА-ПХВ циклусот 2018. На ден 23.02 учениците од ОУ "Наум Охридски", ОУ "Вера Јоциќ", ОУ "Дане Крапчев" и ОУ "Наум Нуамовски Борче" беа обучени на тема "Документирање на малите проекти". Со оваа последна обука младинците подетално се запознаа со начинот на документирање на малите проекти и важноста на истото. ПХВ дисеминаторот Клементина Аврамовиќ со помош на ПХВ менторите и Координаторот за дисеминација ги пренсе своите знаења и успешно ги оддржа првата и третата дисеминациона сесија.

Со завршувањето на трите обуки настапува делот каде мотивираните младинците ќе направат промена во заедницата преку мали проекти кои ќе го решат проблемот кои тие го детектирале. ПХВ тимот во целата програма ќе учествува со својата поддршка, мотивациски методи и умешни и корисни насоки од искусните ментори.