Проект - Дополнителен час среќа

Црвениот крст на Република Македонија - Општинска организација Гази Баба - Скопје од денес го лансираше проектот "Дополнителен час среќа" во пет училишта на територија на општина Гази Баба.

Имено, целта на проектот е образовна поддршка на деца од одделенска настава со потешкотии во учењето. Со нив ќе работат млади волонтери од Нашата организација применувајќи најразлични иновативни и креативни методи. Во текот на дешениот ден беше спроведено тестирање врз основа на кое ќе се подготват индивидуални планови за работа со секое дете базирани на нивните потреби со цел зголемување на ефектите од работата со децата.

Со проектот се опфатени 32 ученици од основните училишта: "Вера Јоциќ", "Наум Наумовски Борче", "Кирил и Методиј", "Дане Крапчев" и "Крсте Мисирков".

Проектот е предвиден да се реализира во текот на целата учебна година 2019/2020 во рамките на програмата за работа на Училишните клубови.