Проект: „ Едукација за ХИВ/СИДА и сексуално - преносливи инфекции“

Младата популација е недоволно информирана за голем број прашања кои се од суштинско значење за развој на здрава популација. Прераната сексуална активност и неинформираноста за начините за заштита од ХИВ/СИДА и СПИ кои се пренесуваат преку сексуален акт, доведува до зголемување на процентот на заболени од ХИВ/СИДА и бројот на сексуално инфицирани лица, кое дополнително влијае за зголемување на бројот на абортуси кај младата популација.
За таа цел Црвен крст на Република Македонија- општинска организација Гази Баба и овааа година успешно го реализираше проектот„ Едукација за ХИВ/СИДА и сексуално - преносливи инфекции “. Примарна цел на проектот е на младите да им се овозможи обука преку која ќе се здобијат со знаења за заштита од ХИВ/ СИДА и СПИ, како и заштита од полови инфекции и несакана бременост.
Во склоп на проектот беа одржани едукативни работилници во основни и средни училишта на територија на општина Гази Баба и тоа; СУГС „8. септември“, СУГС „Панче Арсовски“, АСУЦ „Боро Петрушевски“, СЕТУГС „Михајло Пупин“, ОУ „ Стив Наумов “, ОУ „ Наум Наумовски Борче “, ОУ „ Вера Јоциќ “ , ОУ„ Његош “ и ОУ „ Крум Тошев “.