Прва помош

Црвениот крст е лидер во едукацијата за превенција, подготовка и одговор при соодветна животно застрашувачка ситуација нудејќи ги своите услуги на населението со цел нивно масовно оспособување и градење на побезбедни и поздрави заедници. Преку оваа програма Црвениот крст на Р.Македонија се обидува да придонесе во спасувањето на човечки животи и зајакнување на заедниците-внесувајќи надеж и сигурност заедно со практични способности.

Црвениот крст на Р.Македонија се залага за постојано подобрување на квалитетот на програмите за прва помош, креирани согласно потребите на целните групи со цел да се овозможи нивна достапност до истите. Преку издавањето на различен едукативно информативен материјал со најновите информации на полето на првата помош, ЦКРМ се стреми да ги задоволи потребите на различните целни групи: деца на предшколска возраст, ученици од основните и средните училишта, кандидати за возачи на моторни возила, лица одговорни за безбедноста и здравјето на работното место, лица со посебни потреби итн.

Редовни активности

  • Настава по прва помош за учениците од основни и средни училишта, кои ќе можат на своите соученици во случај на итност да им дадат прва помош.
  • Организирање на државен натпревар по прва помош;
  • Учество на екипата на Црвен крст на РМ на Европската конвенција за прва помош
  • Одбележување на Светскиот ден на првата помош
  • Одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи
  • Едукација по прва помош за возачи на моторни возила
  • Едукација по прва помош на работното место за кандидати од јавните и приватните претпријатија.
  • Развој на настава по прва помош, адаптирана на потребите на специфични целни групи (деца од предшколска возраст, деца од основните и средните училишта, спортски клубови, граѓански здруженија, популација од руралните области, лица со посебни потреби итн.)
  • Организирање на висококвалитетна едукација за волонтерскиот кадар на Црвен крст на Р. Македонија кој учествува во обуките и активностите од областа на првата помош
  • Континуирано делување на полето на безбедност во сообраќајот преку градење на оперативни сојузи на локално и национално ниво со владините и невладините организации.