Социјално-хуманитарни дејности

Социјално – хуманитарната дејност е значаен сегмент од севкупната содржина на активностите на Црвениот крст на Македонија. Со реализација на социјално – хуманитарните активности Црвениот крст придонесува во подобрување на социјалната сигурност на граѓаните особено на лицата кои под влијание на низа неповолни надворешни фактори имаат потреба од помош за надминување на проблемите со кои се судруваат.Активностите на овој план се насочени за обезбедување на помош на ранливото население, а особено на децата без родители и од материјално необезбедени семејства, хендикепираните лица, старите и изнемоштени лица, како и на граѓани со материјално – социјални проблеми.

Програмските содржини се имплементираат преку непосредно вклучување и на другите соодветни субјекти и надлежните државни органи за обезбедување на социјална заштита на граѓаните, како и со невладините организации. Црвениот крст реализира значајни активности со поддршка и на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

За успешна реализација на социјално – хуманитарните активности се врши континуирана едукација на кадрите на Црвениот крст. Посебен акцент се дава на едукација на професионалниот кадар и волонтерите за заедничка брза проценка на потребите на ранливите лица во заедниците со вклученост на самите членови од заедницата.

Непосредни активности во областа на социјално – хуманитарната дејност:
Програми за обезбедување помош на социјални случаи, внатрешно раселени лица, социјални, здравствени и воспитно образовни институции и установи; Програма за прва психолошка помош на лица за справување со траума, стрес и нивно надминување; Програма за Заеднички развој на заедниците;

Реализација на традиционални акции кои имаат социјално -хуманитарна основа:
Собирна акција за обезбедување на хуманитарна помош (храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина) за помош на најранливите лица „Ден на солидарноста“, хуманитарни активности Недела за грижа на старите лица, програмски активности наменети за помош и грижа на старите и изнемоштени лица; „Денот на гладта“ кампања за обезбедување на финансиски средства и храна за помош на лицата кои се наоѓаат во тешка материјална положба.