Споделете радост за новогодишните празници

Споделете радост за новогодишните празници

Клубот на млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Гази Баба - Скопје спроведе акција во Тинекс маркетот во Ченто со цел подготовка на новогодишни пакетчиња за најмалите.

Имено од собирната акција беа изработени 78 пакетчиња од кои:
-32 беа поделени на дечињата од проектот " Дополнителен час среќа"
-6 беа поделени на дечиња од детското одделение во Поликлиниката Ченто
-40 беа поделени на дечиња од семејства во социјален ризик.

Воедно им изразуваме огромна благодарност на сите граѓани кои ја поддржа собирната акција и со тоа предизвикаа многу детски насмевки.