Тековни активности

План на активности за месец декември

Бр.

Планирана активност:

Време и место на реализација:

Месец:

Очекувани резултати (број на инволвирани лица, слушатели, помогнати целни групи...)

Реализатор (оддел, лице, ) (оддел, лице, волонтер,стручен соработник, клуб на млади...)

1.

Донација на половна облека на социјално загрозени семејства

01-31 декември

Инволвирани: волонтери, делење на пакети половна облека и обувки за деца и возрасни во просториите на ООЦК „ Гази Баба “ - Скопје.

Комисија за социјално-хуманитарна активност;

 Стручна служба;

Клуб на млади;

2.

Недела на борба против ХИВ/СИДА и СПИ

Проект: Превенција од ХИВ/СИДА и СПИ

01 – 07 декември

Инволвирани: 4 волонтери (ХИВ/СИДА едукатори) од Клуб на млади на ООЦК Гази Баба-Скопје, координатор на млади; реализирање на 6 едукативни работилници основните и средните училишта на територија на општина Гази Баба, делење на пропаганден материјал;

Комисија за здравствено превентивна заштита;

Клуб на млади;

Стручна служба;

 

3.

Недела на борба против трговија со луѓе

2-9 декември

Инволвирани: 5 волонтери, координатор на млади;  одржување едукативни работилници  на тема „ Превенција од Трговија со луѓе“  во основните и средните училишта;

Комисија за здравствено превентивна активност;

Стручна служба;

Клуб на млади;

4.

ЦКА-ПХВ активности

01-31 декември

Инволвирани: дисиминатор по ПХВ, волонтери од Клуб на млади и  стручна служба. Реализација на ЦКА –ПХВ активности предвидени според ЦКА-ПХВ програмата за 2013-2014год.

Комисија за дисеминација;

Стручна служба;

Клуб на млади;

5.

Проектна активност „Младоста и искуството-моќта на хуманоста“

16 - 19 декември

Инволвирани: 2 волонтери, персонал од сервис за поправка на апарати за домаќинство. Поправка на апарати за домакинство кои се детектирани при посета на стари лица од социјално загрозени семејства на територија на општина Гази Баба;

Комисија за социјално-хуманитарна активност;

Стручна служба;

Клуб на млади;

6.

Прием на претставници од корпоративниот сектор на  територија на општина Гази Баба, Петровец, Илинден и Арачиново

11 декември

Инволвирани:стручна служба и волонтери од Клуб на млади. Прием на донаторите кои ги подржаа активностите во 2012-2013 година како и презентирање на идните проекти/активности за подршка од страна на корпоративниот сектор на територија на општина Гази баба , Илинден, Петровец и Арачиново. Приемот ќе се реализира во просториите на ООЦК ГБ на 11.12 2013год. со почеток во 13 :30ч.

Комисија за дисеминација;

Комисија за мобилизирање на фондови од корпоративниот сектор;

Стручна служба;

Клуб на млади;

7.

Семинар:„Надградба на капацитетите на членови и волонтери на ООЦК Гази Баба

13-15 декември

Инволвирани: стручна служба и волонтери од Клуб на млади.

Семинарот е наменет за членови и волонтери од ООЦК ГБ , Извршниот одбор и Собранието на ООЦКГБ, стручната служба како и претставници од основните организации. Семинарот е наменет за нивна надградба во работата на локално ниво како и со корпоративниот сектор. Семинарот ќе се одржи во хотелот „Солферино“-Струга. Предавачи на истиот се стручни лица во својата област од ЦК на РМ.

Комиисија за развој и организационо кадровски прашања;

Стручна служба;

8.

Недела на забоздравствена заштита

15-21 декември

Инволвирани: 2 волонтери, реализација на типизирани предавања во основните училишта;

Комисија за здравствено превентивна активност

Стручна служба

Клуб на млади

9.

Делење прехрамбени пакети

24-28 декември

Инволвирани: волонтери и стручна служба; Делење на прехранбени пакети од кампањата „Денот на гладта“, на социјално загозени семејства на територија на општина Гази Баба;

Комисија за социјално-хуманитарна активност;

Стручна служба;

Клуб на млади;

10.

Проект: „Патролни социјални работници“

01-31 декември

Инволвирани: волонтер (дипл.Социјален работник) од Клубот на млади; 1 претставник од општина Гази Баба и 1 претставник од ЦЗСРП; мапирање на социјално загризени лица/семејства на територијата на општина Гази Баба, како и пружање на помош во рамките на нивните ингеренции и можности;

Стручна служба

Клуб на млади

11.

Реализирање на акциите за дарување крв за месец декември

01-31 декември

Инволвирани: 1 волонтер, стручен соработник за крводарителство; Мотивирани крводарители

 

 

Комисија за крводарителство

Стручна служба