На 18.01.2020 се одржа воведната работилница за проектот 'Living Spaces - Живи Простори', кој е во соработка со ЦКРСМ Општинска организација Гази Баба - Скопје.
Цели на проектот се:
-
Трансформација и обновување на неискористени или напуштени простори
-
Активно вклучување на младите и на лицата со помалку можности
-
Надоградба на личните вештини кај младите
Проектот е заеднички меѓународен проект на ЦЕТ Платформа заедно со организациите Associació PROSEC и BASURAMA од Шпанија и Walk Together од Бугарија кој е финансиски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија преку Клучната Акција 2: Стратешки партнерства.
Следете нѐ за повеќе информации околу проектот и наредни работилници.