Врснички едукации за превенција од болести на зависности

Црвен крст на Република Македонија, општинска организација Гази Баба традиционално и оваа година го одбележа месец ноември, месец на превенција од болести на зависности со одржани едукативни работилници во 9 основни училишта на територија на општина Гази Баба. Едукативните работилници беа реализирани во ОУ “Кирил и Методиј” - н.м. Стајковци, ОУ “Дане Крапчев”- нас. Ченто, ОУ “Наум Охридски” - подрачно училиште с.Црешево, ОУ “Наум Охридски” - подрачно училиште с.Булачани, ОУ “Григор Прличев” - нас. Железара, ОУ “Браќа Миладиновци” - с. Миладиновци, ОУ “Гоце Делчев” - нас. Илинден, ОУ “Ристо Крле” - с. Кадино и ОУ “Крсте Мисирков”- нас. Ченто преку кои вкупно беа опфатени 273 ученици на возраст од 13 и 14 години. Пороците кај младите стануваат се почеста појава. Зависноста од дрога алкохол и цигари е многу тешка за одвикување и лекување. Со оглед на големината на проблемот и поради недостатокот на програми за третман потребно е да се обрне поголемо внимание на превенција и едуцирање за штетните последици, се’ со цел намалување на застапеноста на овој проблем.