Здравствено-превентивни дејности

Намалувањето на ранливоста на населението на здравствено превентивен план, е една од задачите во работата на Црвениот крст на РМ. На здравствено воспитен план се реализираат повеќе активности во согласност со стратешките определби, мандатот на организацијата и календарот на традиционални активности на Црвениот крст на РМ, со можност за проширување на делокругот на работа преку реализација на програми и проекти. Позначајни програмски активности:

  • Намалување на стигмата и дискриминацијата кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА, и Туберкулоза;
  • Намалување на штети кај интравенозни корисници на дроги;
  • Палиативна грижа и домашна нега;

Едукација на населението од областите на превентивната здравствена заштита.