Програмот за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи е една од клучните - приоритетни активности на Црвен крст на Република Македонија. Програмот е многу обемен опфаќа низа мерки кои се превземаат пред да се случи катастрофа, кои допринесуваат активностите на Црвен крст во случај на катастрофа да дадат брза и адекватна помош на ранливото население.
Црвениот крст на Република Македонија во изминатите десет години интензивно работеше на планот за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи. Бројните кризи кои го зафатија нашиот регион со распадот на СФРЈ (босанската, косовската , внатрешниот конфликт 2001, поплави, пожари снежни намети, епидемии, енормно високи температури) со кои успешно се справуваат волонтерите и вработените, се најдобар показател за стекнатите искуства. Нашите активности беа поддржани од страна од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина (МФЦК/ЦП), Програмата за развој на Обединетите нации УНДП, Меѓународниот комитет на Црвен крст (МКЦК), Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации УНХЦР и други партнери и агенции. Активностите на нашите волонтери и вработени беа позитивно оценети од сите релевантни фактори во државата и странство, што придонесе Црвениот крст да стане дел од системот за управување со кризи, заштита и спасување. Голем број на волонтери и вработени завршија специјализирани курсеви во земјата и странство од областа на катастрофите.
Следејќи ги принципите на движењето на Црвениот крст, Стратегијата 2020 на ИФРЦ, Законот за Црвен крст, меморандумите за соработка со Центарот за управување со кризи на РМ, Дирекцијата за заштита и спасување на РМ и успешната соработка со Локалната самоуправа, како и стандардните оперативни процедури донесени од страна на ИФРЦ, ИЦРЦ, УНХЦР, Црвениот крст на Република Македонија, постојано превзема активности за минимизирање на загубите на човечки животи во случај на катастрофи.
Развиената мрежа на општински организации на Црвен крст, професионалци и голем број на волонтери ни овозможува да ги согледуваме потребите на локалните заедници, ранливите состојби и капацитети кои ни се на располагање.
Постојаното надградување на дата базата, ни овозможува контуирано следење на потребите на нашите организации и заедниците во средините каде што делуваат, за зголемување на своите капацитети како и подготвување на планови за подготвеност во случај на катастрофи, а и навремен одговор во случај на катастрофа, кое е дел од главната цел на програмот за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, а тоа е: Подготвеност за брзо и ефикасно дејствување во случај на катастрофи.
За да се подигне јавната свест во образовниот систем во државата , Црвениот крст на Република Македонија, во соработка со Бирото за развој на образованието, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, работи на подигање на јавната свест кај младата популација за заштита и самозаштита во случај на катастрофи.
Почетоците за изградба на информатичкиот систем во Црвениот крст на Македонија на полето на катастрофи, започна во 2002 година, во која се изработи програм за внесување податоци за можни катастрофи во Република Македонија, капацитети на Црвен крст (материјално технички и човечки ресурси, структурна поставеност на Црвен крст, проценка од загрозеност, географски податоци, капацитети за сместување, население и населби и друго на ниво на Република Македонија и општинските организации.
Во 2008 информатичкиот систем беше надграден (модернизиран) со нов софтвер Глобал мапер кој содржи дигитална карта на Република Македонија каде што може да се картираат сите ризици и да се отвори дата база за секој ризик. Исто така теренот може да се гледа во 3Д. Самиот софтвер е доста едноставен за користење и има голема примена во мапирањето на ризици и капацитети, а исто така може да се прават и симулации на поплави.
Изградбата на партнерски однос со одговорните структури на државно и локално ниво, заради воспоставувањето на ефикасни механизми на координација и менаџирање на катастрофите врз основ на постојаната Законска регулатива на РМ., доведе до поефикасен систем за подготвеност и одговор на катастрофите, која во иднина треба да се надоградува на државно и локално ниво.
Во обид да се следи Визијата на планот за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи на ЦКРМ, како и Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Р.М која произлезе од Меѓународната стратегија за намалување на катастрофи(ИДРР), Црвниот крст на Република Македонија како дел од системот за управување со кризи, на активностите на овој план дава голем приоритет.
Со финансиска поддршка на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст на Р.М во 2009/10 реализира проект активности за намалување на ризици од несреќи и катастрофи во микрорегионите Струмица, Велес, Кичево, Охрид и Струга.
Со оглед на успешноста на реализираните проекти и потребата за продолжување на проектот во други микрорегиони во РМ, од страна на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина одвоени се финансиски средства и за 2011. (АКТИВНОСТИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ)
Од направената регионална анализа во кои микрорегиони би се имплементирал проектот се донесе заклучок дека треба да бидат опфатени микрорегионите во Прилеп Крушево и Македонски Брод.
Во 2013 година, истиот проект се имплементира во микрорегионите Валандово и Дебар (Центар Жупа), финансиран од страна на Турската полумесечина.
Во Република Македонија според член 39 од Законот за заштита и спасување (службен весник на РМ бр.36/04) е предвидено образовните институции да имаат планови за евакуација во случај на катастрофи и несреќи. Истражувањата на ЦКРМ, покажуваат дека законот не е целосно имплементиран во сите делови на државата. Проектните активности, овозможуваат да се зајакнат капацитетите на локалните власти, преку изработка на процени со ризици за регионите и изработка на технички елаборати за регионите и селектираните образовни институции. Дополнително е предвидено да се спроведат предавања за заштита и самозаштита, прва помош, промоција на хигиена и адаптација кон климатски промени на персоналот во училиштата, кои ќе го пренесат своето знаење на учениците. Покрај предвидениот теоретски дел, овој проект овозможува и организација на практична вежба со цел да се изврши реална евакуација на учениците и персоналот.