Старите изнемоштени лица со и без инвалидитет треба да се третираат како и сите останати луѓе коишто можат да се лекуваат. Луѓето од повисоките скалила на хиерархиската пирамида мора да разберат дека здравјето на овие луѓе не е само работа на специјалистите, туку е предмет на интерес на целата општествена заедница. Еден од најзначајните чекори коишто треба да се преземат е и вклучувањето на семејствата во грижата и рехабилитацијата на овие лица и претставува клучен фактор за нивната успешна грижа
Грижата за здравјето на овие луѓе е колективен и континуиран потфат. Од големо значење е правилното дејствување на Црвениот крст во моментите кога на луѓето помошта им е најнеопходна т.е кога настанува или е настанат здравствен хендикеп. Голем број од инвалидизираните но и од старите лица кои се без инвалидитет, најголем дел од месечните примања ги трошат на лекување а во дел од случаевите не стасуваат ниту за основната медицинска потреба. Црвениот крст несебично се заложува во акциите за помош на секој човек со што истовремено придонесува општествената заедница да ги реализира актуелните здравствени, социјални и хуманитарни задачи. Активностите што ги реализира Црвениот крст, покрај социјалниот и морален ефект имаат и изразито воспитно влијание особено кога за тоа се ангажираат младите луѓе. На тој начин вклучувајќи ги лицата со инвалидитет и младите лица во многу активности ние се обидуваме да ги отргнеме од можните деструктивни влијанија и нивната негативна енергија да ја пренасочиме во позитивни дела за општеството. Како причини за појавата на проблемите со кои се соочуваат пензионираните лица со инвалидитет е и настанувањето на економската и социјална криза кои продуцираат низа на социјални проблеми и зголемување на сиромаштијата, потоа неедуцираноста на лицата т.е членовите на нивните семејства и пред се на младите како тие треба да помогнат на старите лица со и без инвалидитет. Токму поради таквата можна отфрленост, нашата цел е да се пријде поблиску до пензионираните лица со инвалидитет, да се разбијат одредени предрасуди, да добијат вистински информации за односот на младите кон старите лицата воопшто. Сметаме дека тоа би вродило со резултат бидејќи ќе допринесе за еден поотворен, искрен, однос, каде што ќе може слободно да се разговара за проблемите што ги засегаат не само старите лица туку и младите. Се стремиме кон тоа да се создаде една нормална работна атмосфера, без дискриминирање, чувство на отфрленост или било каков впечаток на неприфаќање во општеството.