
30 години ПХВ на локално ниво
Јас сум Сара Марковска, дисеминатор во ООЦК Гази Баба. Изминатите две години низ ЦКА-ПХВ програмата за мене беа исполнети со неизмерна енергија, лекции и моменти кои длабоко ме обликуваа и како волонтер и како човек. Ова патување ми покажа дека вистинската сила на младите лежи во заедништвото, емпатијата и подготвеноста да им се подаде рака на оние на кои им е најпотребна.
До сите идни учесници: влезете со отворено срце и верувајте во сопствениот потенцијал. Не чекајте совршен момент за делување — секоја ваша идеа, колку и да изгледа мала, има моќ да разбуди позитивна промена во нашата околина. ПХВ за мене не е само волонтерско искуство, туку животна лекција за тоа колку можеме да постигнеме кога ништо не нѐ запира да правиме добро.
30 години ПХВ на локално ниво
Ден: 24.09.2026г.
Време:12:00часот
Локација: Културен дом”11 Октомври”
