септември 10, 2026

30 години ПХВ на локално ниво

Јас сум Симона Велковска, дисеминатор во ООЦК Гази Баба. По три години поминати како дел од ЦКА-ПХВ програмата, можам да кажам дека ова искуство остави големо влијание врз мене, како личност, но и како млад волонтер. Преку програмата научив колку значат тимската работа, хуманоста и желбата да се направи позитивна промена во заедницата.

На новите учесници би им препорачала да бидат храбри, активни и отворени за нови искуства. Да не се плашат да преземат иницијатива, затоа што секоја идеја и секој мал чекор може да направи голема разлика. ЦКА-ПХВ не е само програма, туку искуство кое се памети и кое ве учи дека сите можеме да придонесеме за подобро утре.

30 години ПХВ на локално ниво
Ден: 24.09.2026г.
Време:12:00часот
Локација: Културен дом”11 Октомври”

< врати се назад