
ноември 11, 2026
Безбедност пред се !
Црвен крст на Република Северна Макединија – Општинска организација Гази Баба – Скопје во соработка со Црвениот крст на град Скопје на 06.11.2026 спроведе симулациона вежба “Евакуација на ученици, повредени, персонал, во случај на земјотрес и пожар во ООУ Наум Охридски на територија на општина Гази Баба .
Во реализацијата на оваа активност, свој придонес дадоа волонтерите од Тимoт за одговор при катастрофи со два тима кои симулираа пребарување, спасување и евакуација на повредени лица.
Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во самото училиште како и спроведување на интерниот план за заштита и спасување од елементарна непогода.


