
септември 1, 2026
Биди нечиј волонтер, волонтирај и ти..
Секогаш пробувам да правам сé со љубов, бидејќи за мене, едно од најубавите чувства е да видам насмевка на туѓо лице предизвикано од некое мое дејство. Моментот кога дознав дека таа моја карактеристика е одраз на работата на Црвениот крст, разбрав дека тоа што сум го правела до тогаш, можам да го искажам на многу позначаен начин. Огромна чест ми е да сум опкружена со други волонтери кои имаат слични иницијативи како мене, и многу ме мило што сум дел од организација која шири едно од најважните нешта – хуманоста. – Михаела Сремиќ
