
ноември 11, 2026
Дисеминациска сесија
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје на ден 11.11.2026 година реализираше дисаминациска сесија наменета за учениците и волонтерите од основните училишта на територијата на која делува ООЦК Гази Баба.
Работилницата се одржа во новите простории на ООЦК Гази Баба во н.Ченто и присуствуваа 23 ученици и волонтери. Работилницата беше реализирана од страна на ПХВ дисеминаторот, Сара Марковска.
Целта на работилницата е да се доближи мисијата и визијата на Црвениот крст до младата популација, да научат што значи волонтирањето, воедни и да се прикажат активностите во кои може тие да се вклучат.
Благодарност до училиштата, учесниците и предавачот за нивната поддршка и соработка.


