
септември 29, 2026
Државен натпревар по прва помош
На ден 26.09.2026 година екипата по прва помош од Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје зема учество на Државниот натпревар по прва помош кој беше во организација на Црвен крст на Град Скопје.
Нашата екипа го освои 9. место на Државниот натпревар по прва помош.
Честитки до сите учесници на натпреварот и до организаторот за успешно реализираниот натпревар.
Продолжете понатаму да го надоградувате своето знаење, затоа што “Првата помош спасува живот!„

