октомври 22, 2026

Европски ден на борба против трговија со луѓе

Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје го одбележи 18 Октомври – „Европски ден на борба против трговија со луѓе“ преку спроведување на едукативно предавање во ООУ“Наум Наумовски Борче „.

Предавањето се реализираше на ден 21.10.2026 година во просториите на училиштето. На предавањето присуствуваа 22 ученици од IX одделениe. Предавањето го спроведе член на основната организација при ООУ“Наум Наумовски Борче„ – Даниела Кузманоска.

За време на предавањето се разви дискусија, учениците посочија примери со кои се имаат сретнато во своето опкружување.

< врати се назад