
Волонтер на месецот – февруари
Биди нечиј херој, волонтирај и ти..🍀
Понекогаш еден момент менува сè. Николина Цветковска ни сподели што за неа значи да се биде дел од семејството на Црвениот крст. Нејзината приказна е потсетник дека кога им даваме на другите, всушност најмногу си даваме на самите себе.☀️
“Волонтирањето во Црвен крст за мене значи можност да им помагам на луѓето на кои им е потребна поддршка и грижа. Тоа ме учи да бидам похумана, посолидарна и поодговорна кон другите. Преку волонтирањето учам нови работи, стекнувам искуство и запознавам нови луѓе со кои заедно правиме добри дела. Секое мало дело на помош може да направи голема разлика во нечиј живот. Затоа волонтирањето за мене не е само активност, туку и начин да придонесам за подобра и похумана заедница.” -Николина Цветковска.
