
јули 15, 2026
Хуманитарна акција
На ден 30.03.2026година, Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје во соработка со Прва пешадиска бригада (1.пбр.), припадниците на командата, штабот, приштабските единици на (1. пбр.), реализираа хуманитарна акција, донација на основни средства за работа и реквизити за деца со посебни потреби.
Собраните средства од хуманитарната акција беа донирани во ООУ „Дане Крапчев“ – Општина Гази Баба во присуство на директорката на ООУ„Дане Крапчев“, претставници од Армијата и ООЦК Гази Баба.
Голема благодарност до Армијата за нивната соработка и поддршка на хуманото работење
