
јули 17, 2026
Летна младинска школа 2026
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје во период од 10 – 12.07.2026година во одморалиштето „МВР“ на Пониква ја реализираше Летната младинска школа која традиционално се одржува секоја година во летниот период и е наменета за волонтерите и членовите од Клубот на млади.
На летната младинска школа присуствуваа 29 волонтери и членови од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Гази Баба– Скопје и претставници од стручната служба на ООЦК Гази Баба.
Младинската школа беше можност волонтерите од Клубот на млади да се запознаат со новото раководство на Клубот на млади, да го унапредат тимското работење и да научат како да работат и функционираат како тим.



