
октомври 1, 2026
Меѓународен ден на стари лица
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје заедно со Клубот на пензионери го одбележа Меѓународниот ден на стари лица.
Во просториите на Клубот на пензионери во н. Маџари во период од 10:00 – 12:00 часот се одржа едукативно – информативна средба со членовите на клубот на која се споделија совети за здраво стареење, грижата за лицата во трета доба, влијанието на исхраната, важноста на физичката активност, а се реализираше и акција за мерење на крвниот притисок и мерење на шеќер во крв.


