
октомври 1, 2026
Меѓународен ден на стари лица
👵👴 Денес, 1 Октомври, го одбележуваме Меѓународниот ден на стари лица – ден посветен на почитта и благодарноста кон нашите постари генерации. Тие со својата мудрост, љубов и искуство оставиле трајни темели врз кои се гради иднината на сите нас.
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје, редовно организира активности и дружења со лицата од третата доба, со цел тие да се чувствуваат вклучени, ценети и почитувани во заедницата.
Да не заборавиме – староста не е слабост, туку богатство од животни приказни. Затоа, да им подариме внимание, време и грижа, бидејќи тоа е најубавиот подарок што можеме да им го дадеме.
💙 Почитувај ги старите лица – тие се огледало на нашата историја и патоказ за иднината.
