ноември 26, 2026

Месец на борба против зависности

На ден 26.11.2026 година се реализираа едукативно предавање на тема: “Информирај се и донеси одлука„ во рамки на одбележувањето на Ноември – Месец на борба против зависности.

Едукативното предавање се реализираа во ООУ“Стив. Наумов„ на кое присуствуваа 26 ученици од VIII одделение.

Учениците беа запознаени со штетните последици од конзумирање на цигари, алкохол и дрога, начините на кои тие може да се заштитат, воедно учениците посочија примери од своето секојдневие.

Сакаме да изразиме благодарност до предавачот, како и до училиштето и учениците за нивната поддршка на хуманото работење.

< врати се назад