
ноември 18, 2026
Месец на зависности
Месец на борба против зависности
На ден 17.11.2026 година се реализираше едукативно предавање на тема: “Информирај се и донеси одлука„ во рамки на одбележувањето на Ноември – Месец на борба против зависности.
Едукативното предавање се одржа во ООУ “Кирил и Методиј„ од 10:00 часот на кое присуствуваа 22 ученици. Предавањето го реализира предавачот Ана Иванова.
Учениците беа запознаени со штетните последици од конзумирање на цигари, алкохол и дрога, начините на кои тие може да се заштитат, воедно учениците посочија примери од своето секојдневие.
Сакаме да изразиме благодарност до предавачот, како и до училиштето и учениците за нивната поддршка на хуманото работење.

