
Месец на зависности
На ден 16.11.2026 година се реализираа две едукативни предавања на тема: “Информирај се и донеси одлука„ во рамки на одбележувањето на Ноември – Месец на борба против зависности во соработка со Црвен крст на Град Скопје.
Предавањата се реализираа во две средни училишта на територија на општина Гази Баба:
1.Едукативно предавање во СОСУ “Илинден„ на кое присуствуваа 21 ученик од III година.
2.Едукативно предавање во СУГС Панче Арсовски„ на кое присуствуваа 18 ученици.
Предавањата ги реализираше предавачот Златко Ѓорѓиоски.
Учениците тие беа запознаени со штетните последици од конзумирање на цигари, алкохол и дрога, начините на кои тие може да се заштитат, воедно учениците посочија примери од своето секојдневие.
Сакаме да изразиме благодарност до предавачот, како и до училиштето и учениците за нивната поддршка на хуманото работење.

