
Младински форум
Во рамките на одбележувањето на Неделата на млади, Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје на 8 октомври организираше Младински форум на Факултетот за безбедност – Скопје, на кој присуствуваа студентите од Факултетот за безбедност и учениците од СПУ„7 Мај“.
Панелисти на младинскиот форум беа Андријана Гелевска социјален работник во СОС Детско село, Стефан Александар Јовановски, основач на здружението КомшиLOOK и Матеј Трајчевски, основач на Македонското здружение на спасители во скијалишта.
За време на младинскиот форум се разговараше на три теми:
Мојата волонтерска приказна
Младите и волонтерството
Црвениот крст во следните години
Посетителите имаа можност преку младинскиот форум да ги слушнат успешните волонтерски приказни на панелистите, да ги посетаат катчињата за прва помош, крводарителство и дисеминација на кои беа презентирани активностите и работата на Црвениот крст.
Благодарност до панелистите за учеството и споделувањето на нивните успешни приказни, како и голема благодарност до Факултетот за безбедност и СПУ„7 Мај“ за нивната поддршка и соработка.





