
јули 15, 2026
Мотивација на млади крводарители
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје на ден 12.03.2026 година одржа предавање на тема „Мотивација на млади крводарители“ во средното училиште АСУЦ„Боро Петрушевски“ на кое присуствуваа 15 ученици од III година.
Предавањето го спроведоа младинските мотиватори за крводарителство од ООЦК Гази Баба, Ендрит Тахири и Љавдрим Рамадани.
Целта на предавањата е да се подигне свеста за дарувањето крв кај младата популација и да се мотивираат меѓусебе за нови крводарувања.
Благодарност до училиштето и едукаторте за нивната соработка.

