август 4, 2026

Национален младински камп “100% Црвен крст”

Во период од 17.07 – 23.07.2026 година, во Камп “Скаут” – Струга се реализираше Националниот младибски камп “100% Црвен крст”, наменет за зајакнување на капацитетите на раководните структури на Клубовите на млади.

Од ООЦК Гази Баба учество земаа лидерот на клуб на млади, Сара Марковска и членот на координативно тело, Давид Цветковски.

Во продилжение прочитајте ги нивните впечатоци по завршувањето на кампот.

Националниот младински камп “100% Црвен крст„ според мене е искуство кое секој волонтер што гледа иднина и желба за раст во Црвениот крст треба да го искуси барем еднаш.

Атмосферата на предавањата, дружбата во слободното време и пријателствата стекнати се нешто што ќе се памти цел живот. – Сара Марковска, лидер на Клуб на млади

За мене кампот „100 Црвен крст“ претставува едно од најубавите искуства во моето волонтирање во Црвен крст. Преку интерактивните сесии стекнав нови знаење кои ќе ги пренесам на Клубот на млади. Стекнав многу нови пријателства кои ќе вродат со квалитетна соработка меѓу нас младите волонтери. – Давид Цветковски, член на Координативно тело

< врати се назад