
јули 13, 2026
Недела на борба поротив срцевосадови заболувања
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје, на ден 06.03.2026 година имаше едукативно – информативна средба со Клубот на пензионери по повод одбележувањето на Неделата на борба против срцевосадови заболувања. За време на средбата се разговараше за грижата за здравјето на срцето,ризик факторите кои влијаат врз појава на срцевосадови заболувања, значењето на исхраната и физичката активност, како и совети за здраво стареење. За време на средбата на присутните членови им беше измерен крвниот притисок и шеќер. На средбата присуствуваа 13 членови и 2 претставници од ООЦК Гази Баба.
