октомври 19, 2026

Недела на борба против дијабет

Во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против дијабет, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје на ден 15.10.2026 година, организираше едукативно- информативна средба со членовите на Клубот на пензионери во Кино Маџари. За време на средбата се разговараше за ризиците кои може да настанат при неправилна исхрана, ризикот од дијабет, како да се препознаат симптомите и што може да се превземе за да се превенира истото. Воедно за време на средбата на присутните членови им беше измерен шеќерот во крв и крвниот притисок.

< врати се назад