октомври 13, 2026

Недела на борба против дијабет

Шеќерната болест (дијабетес) е хронично заболување, кое се јавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи. Смртноста од оваа болест на годишно ниво е застапена со 5 %. Најголем број на случаи заболени од дијабетес се на возраст од 45 до 64 години. Во Република Северна Македонија има околу 180.000 лица заболени од дијабетес. Основната причина за појавата на дијабетес е зголемениот внес, а намалена потрошувачка на калории. Тоа значи зголемен внес на високо калорична храна, брза храна, обилни оброци, храна богата со масти и шеќери, слатки сокови со многу шеќери и конзерванси, недоволен внес на овошје и зеленчук, а во исто време и намалена физичка активност. Најголем ризик за појава на дијабетес тип 2 посебно кај постарите, е зголемената телесна тежина и дебелина. Целокупниот ризик за смртност кај луѓето со дијабетес е зголемен за двојно. Но, оваа состојба лесно се дијагностицира, а со правилна едукација може да се превенира и контролира.

< врати се назад