октомври 16, 2026

Недела на борба против гладта, 16-22 октомври

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје се приклучува во одбележувањето на Неделата на борба против гладта во период од 16 – 22 октомври.

Во рамки на кампањата „Помислете и на нас“, ја потсетуваме заедницата дека мал гест може да значи многу за оние кои немаат доволно.

Како може ние да помогнеме?

  • Сметка на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РСМ 30000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје
  • Донации од 100 денари со повик на мобилните телефонски броеви: 143-400
  • Доплатна поштенска марка,издадена со соработка со Акционерското друштво за поштенски сообраќај – Пошта на РСМ

Да бидеме хумани!

< врати се назад