септември 17, 2026

Недела на борба против туберкулоза

Туберкулозата е хронично заразно заболување кај луѓето и кај некои животни како што се говедата. Болеста е со променлив тек и се јавува во крајно различни клинички облици. Причинителот сепак најчесто ги зафаќа белите дробови. Вонбелодробната туберкулоза најчесто е од секундарна природа и настанува со дисеминација (расејување) на причинителот во други органи и ткива од првобитното жариште во белите дробови.

Карактеристично за болеста е појавата на чворчиња (туберкули) кои се ствараат во органите и ткивата на организмот во кои се вгнездил предизвикувачот.

Белодробниот облик на туберкулоза почнува со неспецифични и нејасни знаци како што се: субфебрилна температура, замор, недостаток на апетит. Доста често доаѓа до запирање на процесот и до оздравување. Тогаш ако доказ дека имало инфекција има закречување на бронхијалните жлезди и позитивна туберкулинска реакција. Доколку болеста напредува, се јавуваат знаци за оштетување и разорување на белите дробови како што се: кашлица, искашлување, искашлување на крв, болки во градите, како и знаци на општа интоксикација на организмот: зголемена температура, кардиоваскуларни пореметувања, анемија, губиток на апетитот, изнемоштеност и губење на телесната тежина до потхранетост.

Вонбелодробната туберкулоза може да се развие во кој било орган или ткиво, а најчесто во лимфните јазли на вратот, бронхијалните лимфни јазли, на плеврата, цревата, бубрезита, обвивките на мозокот, коските и зглобовите.

ПРИЧИНИТЕЛ:

Mycobacterium tuberculosis (туберкулозен бацил), кој е многу отпорен во надворешната средина. Во прашина останува жив и по неколку месеци. На 60 степени угинува после три часа. Исплувокот од туберкулозен болен (на влажен под во нечиста и замрачена просторија) заразен е и по еден месец. Отпорен е и на нормална концентрација на дезинфекциски средства. Како последица од употреба на туберкулостатици бацилот на туберкулозата може да стане отпорен на употребениот лек.

РЕЗЕРВОАР:

Инфициран човек и домашно животно, најчесто говедо.

ИЗВОР НА ЗАРАЗАТА:  Секрети и екскрети на болен човек или болно животно.

ПРЕНЕСУВАЊЕ: Со директен контакт, преку дишење, кивање или кашлање или индиректно, преку загадени раце и разни предмети.

ВЛЕЗНИ МЕСТА: Слузници на системот за дишење, варење, урогениталниот тракт, површинските слузници и кожата.

ЧУВСТВИТЕЛНОСТ И ОТПОРНОСТ: Чувствителноста е општа. Најчувствителни се децата од 2 до 12 години. Жените на возраст од 25 до 29 години се почувствителни отколку мажите на истата возраст. Чувствителноста се назначува со присуство на други, дополнителни фактори како други болести (дијабет), слаба физичка кондиција, лоши услови на живот или лоша исхрана. Лошата исхранетост и слабиот имунолошки систем се ризик фактори за појава на туберкулоза.

Здравата исхрана може да придонесе кон спречување на појавата на неухранетост, да го зајакне имуниот систем и да го спречи несаканото губење на тежината предизвикано од туберкулозата.

Жените за време на бременоста се посебно чувствителнина туберкулоза.

ИНКУБАЦИЈА: Неодредена, трае 15-30 дена, а може и многу подолго.

ВРЕМЕ НА ЗАРАЗНОСТ: Додека болниот исфрла клици на туберкулоза.

СПРЕЧУВАЊЕ И СУЗБИВАЊЕ: Најефикасна мерка против туберкулоза е вакцинацијата која во нашата земја се одвива спoред Законот за заразни болеси и Правилникот за имунизација. Доколкуиндивидуата заболи од туберкулоза, третманот се состои од антибиотска терапија поддржана со правилен хигиенодиететски режим и здрав начин на живот.

< врати се назад