ноември 23, 2026

Недела на грижа за стари лица

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје ја одбележа Неделата на грижа за стари лица во период од 15 – 21 ноември.

За време на неделата беа реализирани активности во соработка со Клубот на пензионери во нивните простории во Кино Маџари:

  • Мерење на крвен притисок и шеќер во крвта
  • Дружба со пензионерите
  • Хуманитарна акција за помош на лица од трета доба во социјален ризик

Целта на овие активности е да се  придонесе кон унапредување на здравјето, благосостојбата и социјалната вклученост на старите лица.

Континуирано продолжуваме со спроведување активности насочени кон поддршка, грижа и унапредување на квалитетот на живот на старите лица.

< врати се назад